Skip to main content

Вашата заедница - Your community

Приредби во заедницата

Во Витлси има многу приредби во кои може да ужива заедницата. Театар, танц, музеи и културни организации се само некои од примерите. Исто така има специјални настани во текот на годината како што се Денот на Австралија, Фестивалот за заедницата, верски приредби и музички фестивали.

Активности во заедницата

Заедницата во општина Витлси има многу активен живот вклучувајќи спортови, уметности, групи на постари граѓани и културни групи. Тие групи често се среќаваат во центрите за заедницата. Постојат именици за заедницата што ќе ви олеснат да најдете група во близина на вашето место на живеење.

Служби за заедницата

Служба за поврзување на заедницата во Витлси

Службата за поврзување на заедницата во Витлси (Whittlesea Community Connections) пружа услуги за помош и поддршка на луѓе од заедницата што се наоѓаат во тешка ситуација. Во центарот работат низа разни доброволци, организации од заедницата и државни организации што нудат доверлива помош при вработувањето, проблемите на младите луѓе, потребите на доселениците, работа со државни служби, правни и даночни совети и информации за заедницата.

Службата Whittlesea Community Connections се наоѓа во локал 111, во трговскиот центар Епинг Плаза во Епинг, и гледа накај улицата High Street. Таа е блиска до автобуските станици кај трговскиот центар и работи од 9 часот претпладне до 5 часот попладне.

Библиотеки

Луѓето што живеат во општина Витлси можат бесплатно да ги користат библиотеките на тоа подрачје. Може да позајмите книги, списанија, музика и филмови и да си ги однесете дома, или пак можете да дојдете во библиотеката за да читате на тивко и мирно место.

Паркови и градини

Во Витлси има многу паркови, градини и спортски терени. Многу од нив имаат и детски игралишта, скари и спортски објекти.