Skip to main content

Повеќејазични служби - Multilingual services

Ако од неодамна сте се преселиле да живеете во Австралија или ако не зборувате англиски јазик, ви нудиме разни јазични услуги за да ви помогнеме да комуницирате со нас.

Преведувачки услуги (усно преведување)

За сите корисници обезбедуваме бесплатна преведувачка служба.

Кога доаѓате во нашите канцеларии, кажете му на нашиот рецепционер на кој јазик зборувате и побарајте преведувач. Ќе провериме дали е слободен некој од вработените кој зборува и на двата јазика или ќе се јавиме во преведувачка служба за да ви помогнат да комуницирате со нас.

Ве молиме прво да ни се јавите ако сакате да организираме на средбата лично да присуствува и преведувач.

Јазична помош и двојазичен персонал

Вработените во општината кои зборуваат два јазика се обучени да ви помагаат да комуницирате со нас на јазикот кој вие ќе го изберете, или по телефон или лице-в-лице во нашите канцелари.

Ваквата јазична помош помага да се зајакне комуникацијата со нашето месно население кое потекнува од различни културни и јазични заедници (‘culturally and linguistically diverse communities’ или CALD).

Повеќејазични телефонски услуги за информации и усно преведување

Населението може да се јави на нашите повеќејазични телефонски линии и да слушне претходно снимени информации за услугите на општината, и тоа за:

  • надоместоци
  • услуги за ѓубре/отпад и рециклирање
  • грижа за стари лица во заедницата
  • служби за лица со хендикеп
  • здравствени услуги за деца и мајки
  • библиотеки во заедницата што поседуваат колекции за читање на повеќе јазици

Доколку ви се потребни понатамошни информации за нашите услуги, овие телефонски линии за информации можат да ве поврзат со преведувач. Јавете се на следните броеви:

  • арапски - 9679 9871
  • кантонски - 9679 9876
  • хрватски - 9679 9872
  • англиски - 9679 9880
  • грчки - 9679 9873
  • италијански - 9679 9874
  • македонски - 9679 9875
  • малтешки - 9679 9876
  • други јазици - 9679 9879
  • турски - 9679 9877
  • виетнамски - 9679 9878

Повеќејазична Интернет страница

На нашата Интернет страница можете да читате информации на јазици различни од англискиот за следните теми:

  • вашиот дом и семејство
  • влада и закони
  • здравје и безбедност
  • што треба да знаете ако живеете во градот Whittlesea

Контакт

За повеќе информации околу нашите јазични услуги, јавете се кај нашиот Координатор за мултикултурно планирање и политики на 9217 2035.